Кавадаречката полиција вчера го лишила од слобода Б.С.(47) од село Теранци, кој се сомничи дека на 12-ти овој месец од камп приколка лоцирана во место викано „Нари“, атар на село Крњево, одзел разновиден алат.

Како што информираат од МВР, лицето е приведено во Полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.