Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе месеци, 36.980, граѓани, односно 69 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.
Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем, од моментално 534 хоспитализирани пациенти, 123 се целосно вакцинирани, стои во анализата на вакцинирани од позитивни случаи со Ковид-19, што денеска ја објави Министерството за здравство.
За вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
-Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до вчера на територија на државата од вкупниот број починати, 80 отсто биле невакцинирани, а 20 отсто од починатите примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, информираат од Министерството и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКоВ2.