Министерството за здравство, се наведува во соопштението, по бројни преговори успеа да се приклучи кон Заеднички Договор за Рамковна спогодба на кој ексклузивно право имаат земјите-членки на Европската унија, за приоритетна достапност на моноклоналната „коктел терапија”. Рамковната Спогодба со производителот „Hoffman-La Roche, Ltd (Roche)” – Швајцарија, ја склучија 19 земји членки на ЕУ, нашата држава и Норвешка. Во рамките на Проектот за итно справување со кризата предизвикана од вирусот Ковид 19, реализиран од страна на Светска банка, обезбедени се средства за оваа набавка.

– Примената на методот на лекување за нашите пациенти, со оваа терапија во моментов не прави единствена земја на Западен Балкан за чии граѓани е достапен овој лек. Терапијата се набавува за потребите на ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и ќе се аплицира кај не-хоспитализирани пациенти кои се лекуваат од Ковид 19. Со ова се очекува да се намали потребата од хоспитализација на пациенти. Казиривимаб и Имдевимаб (порано познат како REGN-COV2 или REGEN-COV2) е коктел од две моноклонални антитела и се дизајнирани специјално за да ја блокираат инфективноста од „SARS-CoV-2,” вирусот што го предизвикува заболувањето со Ковид 19, појаснуваат од Министерството за здравство.