Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците производители на млеко дека денеска, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.
Кон 5.400 млекопроизводители исплатена е финасиска поддршка во вредност од 88.6 милиони денари за произведено и предадено млеко во периодот мај – јуни 2022 година.
Како корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни и сопствено производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.
Висината на поддршкат изнесува 3,5 денари / литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 / литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.
Оваа година земјоделците се сведоци на навремена и брза исплата на субвенциите. Изминатиот период АФПЗРР ја реализираше и исплатата за предаденото мелеко од периодот јаунари – април 2023 со што вкупната премија по овој основ за млекопроизводителите исплатени се над 232 милиони денари.