– Пожарите не само што ја уништиваат природата туку прeдизвикуваат и зголемување на концентрациите на суспендирани честички во воздухот, поради што и во текот на вчерашниот ден е забележано надминување на пропишаната среднодневна гранична вредност речиси на сите мерни места во државата. Пожарите во близина на водните тела може да имаат негативно влијание врз површинските и подземните води и да предизвикаат физички и хемиски промени на квалитетот на водата, наведува Министертството во апелот.
МЖСПП наведува дека во услови на пожар, потребно е пред употреба да се направи контрола на исправноста на водата од бунарите и изворите. Дополнително, треба да се има предвид дека водата што се користи за гасење на пожарите се црпи од околните водни тела, поради што е можно нарушување на водниот баланс во нив.
– Особено апелираме за засилена одговорност и внимателност на правните субјекти што во своите технолошки процеси имаат контакт со хемикалии, деривати и лесно испарливи и запалливи материјали, како и максимално почитување на плановите за заштита од пожар и хаварија, повикува Министерството за животна средина и просторно планирање.