Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираа дека од денеска во градовите Гостивар, Кичево и Кавадарци се укинуваат мерките и препораките за надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри, согласно измерените вредности.
Имено, поради зголемено загадување на воздухот, од саботата стапија во сила препораките и мерките за надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, а од вчера и во Гостивар.
Одлуката за стапување во сила на мерките и препораките ја донесе Владата по информации добиени од Министерството за животна средина и просторно планирање, откако на мерните места во овие градови во текот на два последователни дена беше надмината вредноста на ПМ10 честичките од 150 микрограми на метар кубен.
Во Скопје и Струмица се уште се во сила донесените мерки и препораки.