Доминација на аеродромци

Аеродромци со доминантна игра повторно го одбранија пехарот, а со тоа ја освоија и 11-та шампионска титула во првенството. Салата „Благоја Георгиевски Буштур“ се покажа како бериќетна за тимот од Аеродром каде повторно битолски Пелистер беше немоќен да слави победа шампионот МЗТ.

Муцунски ја честиташе победата

Првиот човек на општина Аеродром честиташе и ги опиша како „неприкосновени“ во македонската кошарка.

Неприкосновени во македонската кошарка – МЗТ Скопје Аеродром по 11-ти пат е шампион на Македонија. Со одлична игра, доминација на теренот и трета победа во дуелот со Пелистер, нашите кошаркари повторно ја одбранија титулата шампион на Македонија. Честитки за играчите и стручниот штаб, како и навивачите кои ја имаа клучната улога во овој историски момент за сите нас. Аеродром живее за МЗТ и заслужува многу нови успеси, а поддршката мора да продолжи и во иднина, напиша тој на Фејсбук.

МЗТ Скопје повторно е шампион

Шампионскиот карактер на МЗТ Скопје уште еднаш исплива на површина. Аеродромци вечерва славеја во Битола со резултат од 78:67. Без конкуренција, тие се доминантни во мак-баскетот, а пред само неколку месеци повторно го освоија и пехарот во Купот, исто така во Битола.

Дамјан Стојановски МВП на финалето

МВП на финалната серија доби македонскиот кошаркарски репрезентативец, искусниот Дамјан Стојановски. Тој ја збогати својата колекција со уште една титула каде по пет години повторно го доби ова големо признание. Финалната серија меѓу МЗТ Скопје и Пелистер аеродромци ја добија со сигурни 3-0.

МЗТ Скопје веќе е најтрофеен клуб во Македонија – падна „Работнички“ од врвот

„Штрковите“ го освоија својот 29-от трофеј (11 првенствени, 12 во Купот, пет во Суперкупот). Со оваа победа и претходниот пехар во купот, Работнички кој сега гледа во грб на градскиот ривал (15 првенствени трофеи, 10 во Купот, два во Суперкупот).