На средба со млади од Ѓорче Петров, дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, потенцираше дека младите луѓе имаат лесен и едноставен избор кога се работи за избор на Претседател на Република Македонија. „И младите во Ѓорче Петров, но и насекаде низ Македонија имаат јасен и би рекол лесен избор во првиот и во вториот круг, на 24 април и на 8 мај.“

„Од една страна го имате Стево Пендаровски, кој на еден младински самит, фамозно изјави дека доколку не бил Претседател веднаш ќе ја напуштел државата и на тој начин го потикнува иселувањето. Човек кој во 5 годишниот мандат нема ништо направено за младите и секојдневно ги менува ставовите, според тоа што ќе му кажат неговите стопани, Артан Груби и Али Ахмети. Од друга страна ја имате професорката Гордана Силјановска Давкова, која што е човек инспиративен професор, со огромно искуство, огромно знаење и посветеност кон она што го работи“, изјави Андоновски.

Андоновски појасни дека професорката е почитувана и сакана кај младите, бидејќи таа знае како со нив и ги поддржува, и дека неколку пати била избирана за најомилен професор, призната во државата и пошироко.

„Во програмата на професорката Гордана Силјановска Давкова има предвидено форум на млади, кој ќе биде составен дел од нејзиниот кабинет и нејзиното работење, вработување на советник за млади во рамки на кабинетот на Претседателот, како и поддршка на младински хабови и иновациски центри за поддршка на младите“ , изјави Андоновски.

Во првиот круг ќе победиме, а во вториот круг ќе ја забетонираме победата на Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ со голема двојна победа, потенцираше Андоновски.