Компанијата го блокираше пристапот на Трамп до профилите на Фејсбук и Инстаграм, загрижени за можни нови немири, откако неговите поддржувачи го нападнаа Капитол на 6 јануари, поради што случајот подоцна беше предаден на Надзорниот одбор за понатамошно донесување одлуки, пренесува Ројтерс.

Одборот, формиран од Фејсбук, како одговор на критиките за справување со проблематичните содржини, во средината на април соопшти дека го продолжи периодот за јавни коментари за случајот, додавајќи дека биле забележани повеќе од 9.000 одговори на јавноста, што е рекорден број досега.