На патниот правец Макази – Маркова Нога, на С.Е.(69) од ресенското село Асамати му се слошило додека управувал патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки. Со возилото излетал од коловозот, по што починал.
Како што соопшти МВР, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Случајот бил пријавен во СВР Битола.
Увид на местото извршиле екипа од ОВР Ресен, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.