Од безбедносни причини, медиумите беа на соодветна оддалеченост од бегалците.
Eден од бегалците поради здравствени проблеми со возило на Итна помош е пренесен во болница.
Tие ќе бидат сместени во хотели, во близина на аердромот и таму ќе им се прават здравствени прегледи.
Македонија најавено е да времено да згрижи 780 лица.
Вечерва пристигнатите се вработени во невладини организации и нивните семејства, кои биле во животозагрозувачка состојба во Авганистан.
Од Владата известија дека “станува збор за граѓани кои беа животно загрозени од талибанските структури и на кои им помагаме да си го спасат животот. Тоа се граѓани кои 20 години работеа за демократските институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан”.
На граѓаните од Авганистан, кои имаат статус на лица со привремен престој им се издава виза за привремен престој од 90 дена, а потоа треба да заминат на друга безбедна дестинација или во САД.