Поради зголемена фреквенција на возила, на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека околу 30 минути, соопшти АМСМ.
На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.