И овој продолжен викенд голем број македонски граѓани решија да го поминат во Грција. На граничниот премин Богородица, како и минатиот викенд за време на Велигденските празници, повторно се создадоа редици од возила кои чекаат за влез кај нашиот јужен сосед. Се чека и повеќе од еден час.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На останатите гранини премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информираат од АМСМ.