Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила со време на чекање околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.