Семејството Димитровски доби долгочекуван подарок
Рано утринава, на 7 јануари 2026 година, во Општата болница – Кочани, семејството Димитровски доби долгочекуван подарок. Виолета Димитровска од Оризари ја донесе на свет својата втора рожба, момчето Миха, со тежина од 3.500 грама и должина од 53 сантиметри.
Како и секоја година, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, ги посети мајката и новороденчето, упатувајќи им честитки и желби за здравје, среќа и бериќет во нивниот дом.
