Руските власти денеска соопштија на британскиот премиер Борис Џонсон и на неколку британски високи функционери им е забранет влез во Русија како одговор на британските санкции воведени кон Москва поради војната во Украина.
– Овој чекор беше преземен како одговор на претераната медиумска и политичка кампања насочена кон меѓународна изолација на Русија и создавање услови за кочење на нашата земја и задушување на националната економија, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесе Бета.
Министерството ги осуди британските „непријателски дејствија без преседан“, особено санкциите против високи руски функционери.
– Британската Влада намерно се обидува да ја влоши ситуацијата околу Украина со снабдување на режимот во Киев со смртоносно оружје и координирање на слични напори во име на НАТО, се додава во соопштението.
Покрај Џонсон, на руската „црна листа“ се и вицепремиерот Доминик Раб, министерката за надворешни работи Лиз Трус, министерот за одбрана Бен Валас, поранешната премиерка Тереза Меј и првата министерка на Шкотска (премиерка) Никола Старџен.