На бугарското МНР му пречи името на скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ и велат дека тоа е поголем проблем од „Цар Борис Трети“.
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Никола Милков вели дека „ако името Цар Борис Трети е проблем, името на гимназијата во Скопје што го носи името на Јосип Броз Тито е многу поголем“.
Тој рекол дека Бугарија е Европската Унија. Додава дека додека преговара со ЕУ, Македонија преговара со Бугарија.
Локалниот огранок на Левица во Охрид, денеска до ОЈО Охрид поднесе иницијатива за забрана на новоотвореното здружение „Цар Борис Трети“.
На седми октомври во овој град ќе се отвори новиот бугарски културен клуб во Македонија, наречен „Цар Борис Трети“.
Најавен и протест по повод отворањето.