Повеќе од 4. 300 килограми од небезбедниот путер беа уништени тука, на депонијата Дрисла, на нештетен начин, со закопување на путерот во земја. Фирмата Евро Млекара ДООЕЛ Скопје ќе добие глоба од 1.500 евра за небезбедно и незаконско работење.
Како што соопшти директорот на АХВ, Николче Бабовски путерот бил увезен од Турција, а не од Германија, како што првично било утврдено и легално биле увезени 20.000 килограми.
Контролите на АХВ утврдиле дека „Евро Млекара“ манипулирала со документацијата за увоз и за складирање на производот, а путерот го чувала во неодобрени објекти – ладилници за складирање храна од животинско потекло. Уште еден пропуст е што операторот „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје не е регистрирана за солење путер, а реализираниот увоз се однесува на несолен путер.
-Со дополнителна контрола утврдена е манипулација со излезните фактури во кои било наведено дека се дистрибуираат канти со путер од 25, а не од по пет килограми. Поради ова, од страна на официланиот ветеринар е издадено решение за итно отповикување и повлекување на блоковите путер и наредено е веднаш да се стопира продажбата и путерот да се врати во млекарницата, вели Бабовски.
Увозот на путерот е направен на 11 месец 2018 година, а рокот му бил шест месеци, но директорот на АХВ не може со сигурност да тврди колку време бил на пазарот. Несовпаѓања, рече, се утврдени и во датумот на производоство и рокот на употреба на производот.
– Со манипулацијата со излезните фактури е утврдено дека една од седумте излезни фактури е фиктивна, односно количината наведена во него воопшто не е пласирана кај оператор со храна во Струга. Вкупно 168 блока путер од по 25 килограми според директорот за производство биле однесени во објект Тетово, а уште пет блока со путер биле сместени во објект во Гостивар. При деталната контрола на фактурите, констатоирано е совпаѓање на килажата со вклупно увезената количнина од 20.000 килограми. На 13.03.2021 година овие колични путер се вратени во млекарницата на „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје. При истоварот е утврдено дека на кутиите се гледа дека првичните декларации се одлепени и се ставени нови декларации кои не се комплетни и со кои е продолжен рокот на употреба на путерот до 25.06.2021 година, На една од кутиите, пак, додаде, бил залепен лист на кој пишува „путер султаш“ 23.10.20, потенцира Бабовски.
Целокупната вратена количина путер била во замрзната форма (замрзнат путер), а бидејќи надлежните од млекарницата не дале информација за тоа каде и како е замрзнат путерот, овие количини се поништени како небезбедни.