СВР Скопје поднесе кривични пријави против М.Џ.(22) и С.Н.(30), двајцата од село Батинци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „учество во тепачка“.
Од МВР потсетуваат дека на 22 октомври 2021 година на бензинска пумпа на пат за село Студеничани, скопско, пријавените физички го нападнале М.Р.(25) од Студеничани и со остар предмет му нанеле повреди.