Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен, кој поради срцев удар изминатиот викенд колабираше на теренот за време на натпреварот против Финска во рамки на ЕУРО 2020, се согласил со лекарското мислење да му биде вграден под кожата кардиовертер дефибрилатор што ќе помага во работата на неговото срце.

Данската фудбалска федерација денеска соопшти дека  по различни испитувања на кои Кристијан беше подложен, одлучено е тој да носи вграден дефибрилатор,

– Овој уред е потребен по доживеан срцев удар, предизвикан од пертурбации на срцевиот ритам, изјави лекарот на данската фудбалска репрезентација Мортен Боесен.