Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во земјава на ГП Табановце за влез се чека околу 20-30 минути, а на ГП Богородица за излез околу 15-30 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.