Во рамки на воената вежба „Брз одговор 25“ во Кавадарци ќе има отворен ден за јавноста. На плоштадот ќе бидат изложени оклопни возила, борбени возила, оружје и заштитна опрема која се користи на вежбата на армискиот полигон Криволак.
На вежбата „Брз одговор 25“ има 2.200 припадници на 9 армии, од 7 нато членки и две партнерски држави. Најбројни 950 се од македонската армија, а 710 од националната гарда на американската сојузна држава Вермонт.