Во рок од четири часа на патиштата во источниот регион за брзо возење се санкционирани 43 возачи од кои 33 надвор од населено место и девет во населено место. Надлежните од СВР-Штип велат дека акциската контрола ја имаат спроведено денеска од 7:00 до 11:00 часот на подрачјето на СВР Штип и дека на сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

-Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Во текот на вчерашниот ден биле констатирани 10 прекршоци за брзо возење, од кои шест надвор од населено место и четири во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци, од кои пет за управување возило без возачка дозвола, четири за управување возило под дејство на алкохол, два за нерегистрирано возило, еден за некористење сигурносен појас, еден за користење мобилен телефон и четири за непрописно паркирање.