На изборите следна година следи двоен пораз на антиевропските Мицкоски и ДПМНЕ, велат од СДСМ
„Антиевропскиот концепт на Мицкоски и ДПМНЕ е антимакедонски концепт. Тој антиевропски и антимакедонски концепт ќе биде поразен. Победата на СДСМ и Европскиот фронт на следните претседателски и парламентарни избори ќе биде двоен пораз за антиевропските Мицкоски и ДПМНЕ. Граѓаните не сакаат нова изолација, нови иселувања на младите, стагнација и неизвесност. Граѓаните сакаат европска иднина, поголеми плати, подобар животен стандард, сакаат младите својата иднина да ја градат во европска држава, дома, во својата татковина. Победата на СДСМ и Европскиот фронт на претседателските избори и на парламентарните избори и формирање на новата проевропска влада ќе го обезбеди правецот по којшто се движи земјата, да остане на европскиот пат, соопштија од СДСМ.