Во близина на болницата „Систина“, на кејот на реката Вардар, пронајдено е тело на починато лице. Први сведоци биле случајни минувачи. Телото подолго време стоело покрај коритото на реката, објави ПлусИнфо.
Причините за смртта не се познати, ниту пак, кога настанала. Ќе се утврдува и идентитетот на лицето.
Повикана беше полиција, која сега прави увид. Телото ќе биде дадено и на обдукција, а треба да биде повикан и јавен обвинител.