Камен со големина од 8 сантиметри е изваден од мочниот меур на повозрасен пациент во Македонија. Станува збор за најголемиот камен што бил изваден во Македонија во последниве 20-тина години.
Докторот Азим Муса од Универзитетската клиника за урологија „Мајка Тереза“, на својот Фејсбук профил сподели видео и фотографии од хируршката постапка за вадење на каменот, кој наликува на големо јајце.
Каменот го извадивме од уринарен меур, околу 8cm. Ова е најголемиот во последните 20 години“ – напиша докторот над објавата на Фејсбук.