Руски државјанин, кој соработувал со Службата за безбедност на Украина (СБУ), е уапсен при обид да го напушти Крим, соопшти прес-службата на Федералната служба за безбедност (ФСБ) за Крим и градот Севастопол.

Спречени се незаконските активности на државјанин на Руската Федерација вклучен во соработка со специјалните служби на Украина. ФСБ го уапси при обид да премине во Украина, со цел да организира контакти со специјалните служби кои би можеле да и наштетат на безбедноста на Руската Федерација – се вели во соопштението.

Утврдено е дека уапсениот служел во самопрогласената Доњецка Народна Република и дека од неодамна престојувал на територијата на Крим и редовно одржувал контакти со соработниците на СБУ.

ФСБ во моментов ја истражува евентуалната вмешаност на затвореникот во кривичните дела велепредавство и шпионажа.