Премиерот на Косово, Албин Курти, не добил виза за посета на САД, пренесува „Косово пост“.
Веста за негативен одговор на барањето за виза за овој портал ја потврдија и соработниците на премиерот на Косово, Албин Курти.
Порталот наведува дека на Курти му била одбиена виза од „најмоќната земја во светот, односно „ко-спонзор“ на раѓањето и изградбата на Косово.
„Косово пост“ наведува дека на Курти не му помага ниту големата поддршка на граѓаните на Косово да ги „отвори вратите на земјите во светот“, пренесе порталот „Косово онлајн“.