Обвинителката Жаклина Трајковска на денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски во Основниот кривичен суд Скопје, каде се изведуваат материјални докази, ги читаше резултатите од обдукцијата на Ѓорчевска направена на 3.12. 2023 година.

Меѓу присутните настана шок кога обвинителката објасни дека со вештачењето на сиво сребрената лента со која била залепена устата на девојчето биле пронајдени траги од обвинетиот Велибор Манев

Во мислењето на Судска медицина е наведена дека смрта е настаната од блиску и жртвата била жива кога е пукано. Калта на патиките покажувала дека одела кон местото каде е пронадена мртва. За тоа дали била задушена претходно патолозите не нашле докази.