Агенцијата за управување со одземен имот повторно објави датум за лицитација на трите запленети станови на поранешниот премиер Никола Груевски.

Недвижностите, конфискувани во рамки на судскиот предмет „Плацеви на Водно“, ќе бидат понудени на продажба на 29 јули. Лицитациите се закажани во три различни термини – во 9, 11 и во 13 часот.

Трите станови се на иста адреса на Водно

Според објавениот оглас, сите три стана се наоѓаат на иста адреса на Водно.

Најголемиот стан има површина од 200 квадратни метри, вториот се простира на 199 квадратни метри, додека најмалиот има 155 квадратни метри.

Становите располагаат со големи тераси

Сите недвижности располагаат со пространи тераси, чија површина надминува 40 квадратни метри.

Почетната цена за првиот стан изнесува 52,3 милиони денари, односно околу 850.000 евра. Вториот стан ќе се понуди по почетна цена од 52 милиони денари, додека цената за третиот изнесува 46,7 милиони денари, односно околу 760.000 евра.

Втора лицитација по неуспешната продажба

Ова е втор обид за продажба на недвижностите на Груевски.

Првата аукција, која била организирана пред една година, завршила без успех.