Статусот на медицинските сестри во моментов никогаш не бил понедостоинствен во државава, тие се непрепознаени и не се доволно платени, токму поради овa тие во огромен број заминуваат да работат во странство. Ова е ставот на здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“. Во овој момент на ниво на држава во здравствениот систем недостасувале од 7 до 8.000 медицински сестри, а тој број постојано се зголемувал.
„Стартната плата на една медицинска сестра во овој момент сега е изедначена со минималниот личен доход, што понедостоинствено не било. Ни требаат групи во колективните договори каде што одговорностите ќе ни бидат платени како што треба, а тие групи ќе ни ги оцртаат нашите работни задачи. Немаат можност сестрите откако ќе се вработат, ако не постанат одделенски одговорни да напредуваат“, вели М-р Гордана Бешлиоска, претседател на здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“.
Поради недостигот на кадар сестрите велат дека биле преоптоварени со работа, затоа што нивната работа не била само грижа за пациентите, туку многу други обврски, документација, амбулантско работење и друго.
„Во интензивните неги на еден пациент треба да има една мецинска сестра, во стационарите каде што се лежечките болни на најмалку 3 пациенти една мецицинска сестра. Недостасуваат 50% во смените и не можат да постигнат да ги извршат своите работни обврски“, додаде Бешлиоска.
„Оптоварени сме со недостиг на кадар во секој случај. Една сестра прави повеќе од она што може да направи. Пример ако треба да се грижи за 5 пациенти таа се грижи за 20 пациенти“, истакна Маја Мицеска, медицинска сеста инструментарка во одделението за уво нос и грло во Прилеп.
„Најважно ни е да се подобрат условите за работа и да се зголемат платите за да не заминуваат сестрите во странство“, рече Елизабета Настеска, медицинска сестра во приватна установа.
И од прилепската болница, каде денес се одржа првиот симпозиум на сестри инструментарки истакнаа дека имаат голем недостиг на медицински пероснал.
„Надлежните да институции да имаат поголем осет за здравствените установи и да ги овозможуваат потребните согласности за да може да се распишуваат огласи и да се вработуваат медицински лица во нашата институција“, изјави Кети Смислеска, директорка на Општа болница Прилеп.
Без итна промена на целата политика во здравството Македонија за жал секоја година ќе биде со се поголем дефиците на мециски кадар, а најголемата штета ја трпат секако граѓаните.