Жалбата што Фудбалскиот сојуз на Србија ја упати до УЕФА делумно вроди со плод, па репрезентацијата на Србија сепак ќе го одиграат решавачкиот меч за пласман на ЕВРО 2024 пред одреден број навивачи на стадионот во Лесковац.

Поради инцидентите на мечот со Црна Гора во Белград, Фудбалскиот сојуз на Србија е казнет со натпревар без публика, па на мечот со Бугарија требало да им биде дозволен влез само на деца помлади од 14 години.

Сепак, откако беше поднесена жалбата, УЕФА реши да попушти и дозволи да се отвори западната трибина на стадионот „Дубочица“ за решавачкиот натпревар за пласман на шампионатот во Германија.

Се дознава дека на неделниот собир ќе можат да присуствуваат точно 1.820 навивачи.

За Србија да добие виза за Германија и е неопходен барем бод, со што би добила недостижна предност пред најблискиот придружник на табелата – Црна Гора.