Голот во судиското продолжение за Меси беше вкупно 76 во дресот на Аргентина и му недостасува уште само еден погодок да се израмни со Пеле, како фудбалер со најмногу постигнати голови за јужноамериканска репрезентација.

Аргентина во полуфиналето на Копа Америка ќе игра против Колумбија, која во првиот натпревар од четвртфиналето во групата А го совлада Уругвај на пенали со 4:2, откако дуелот заврши без голови во регуларниот дел и двете продолженија на стадионот „Мане Гаринча“ во Бразилија.

Втората полуфинална двојка на Копа Америка ја сочинуваат домаќинот Бразил и Перу.