Деновиве започна уривањето на поранешната сендвичара „Кинг бургер“ на булеварот Климент Охридски во центарот на Скопје. На нејзино место ќе се гради станбена зграда со приземје, шест ката и поткровје, објави СДК.
Градилиштето веќе е оградено, а поставена е табла со податоци за градбата. Според објавените информации, Општина Центар ја издала градежната дозвола на 14 ноември 2024 година.
„Кинг бургер“ беше едно од најпопуларните места за брза храна во Скопје пред дваесетина години. По неговото затворање, објектот со години беше напуштен и запуштен, а пред неколку години изби и пожар во него.
Од Општина Центар информираат дека градежната парцела е дел од Деталниот урбанистички план за градска четврт Ц 04 – Дом на градежници, кој беше усвоен на 28 јануари 2021 година.