Секретарот за здравство, Едуардо Фернандез Ерера за тамошните медиуми изјави дека сите учеснички на натпреварот, официјално, имале свој негативен корона-тест пред самиот настан кој се одржува во главниот град на државата, Сиудад Хуарез. Властите, сепак, добиле анонимна дојава дека едно лице е заразено. По извршените тестови, се покажало дека скоро половина од девојките имаат коронавирус, како и уште едно лице кое не е меѓу натпреварувачките.

Натпреварот и програмата се прекинати во саботата.

Мексико вчера пријави 7.989 новозаразени 269 смртни случаи поврзани со Ковид-19. Вкупниот број заразени лица во земјата од почетокот на пандемијата достигна 2.549.862, а смртните случаи се искачија на 233.958, според Министерството за здравство.

Владата верува дека вистинскиот број на случаи Ковид-19 во Мексико е многу поголем. Неодамна беа објавени одделни податоци кои посочуваат дека бројот смртни случаи може да биде и 60 насто поголем од официјалниот.