Садниците се засадени на дел од опожарените површини на потег од патот кон велешко езеро Младост”, од излезот на градот кај Башино Село кон велешко езеро, на локацијата позната како „Караслари”, информира за МИА Билјана Тевчева Кошинова директор на ПШС „Бабуна” Велес.
Таа појасни дека засадените дрвца добро напредуваат, а во прилог на тоа биле и последниве дождови кои им дадоа влага за раст на младите садници. Ссадниците кои се засадени со цел отстранување на последиците од големиот шумски пожар над велешко езеро во август 2019, се набавени од расадникот на ЈП „Македонски шуми”.
– Во акцијата за пошумување ги повикавме и владините организации и граѓаните, но на нашиот повик се јави само еден совесен граѓанин кој ни се приклучи, информира Тевчева Кошинова.
Таа појасни дека како подготовка за акцијата лани ги исчистиле површините од опожарените стебла, а годинава со трактори и друга механизација ја изорале опожарената почва и ја подготвиле за пошумување.
Воедно информира дека во 2020 година ПШС „Бабуна” пошуми површина на опожарените површини кај велешко езеро „Младост” од околу 10 хектари. Вкупно за две ипол години досега се пошумени околу 65,45 хектари со млади дрвца.
Во страотниот пожар кај велешко езеро „Младост” во август 2019 за само десетина часа изгоре површина од 400 хектари од кои половината – 200 хектари со над 50 годишна квалитетна борова шума која во многу еколошки ации пред повеќе од 50 години ја засадија граѓаните на Велес.
Општина Велес е сопственик на дел од опожарените површини покрај патот на самото езеро „Младост” омиленото рекреативно место на велешани и бројни странски и домашни гости.
Во декември лани во масовна акција за пошумување беа засадени 12 илјади дрвца, плус 40 високо квалитетни стебла донација од Лајонс клубот и други донатори кои во оваа и уште неколку помали акции, засадија уште 50 -тина поголеми квалитетни пораснати дрвца.
Во 2019 година Општина Велес засади 13 700 млади дрвца од кои најголемиот дел 11 илјади мали садници ги набави од сопствениот општински буџет, а 2700 садници беа донација од Ротари клубот.
Искусните шумарските инженери од ПШС „Бабуна” Велес, посочуваат дека за побрзо враќање на зелениот појас над велешко езеро „Младост” потребно е со Општина Велес до крајот на годинава под итно да се направи стратегија за пошумување над велешко езеро „Младост”.
Со неа ќе се има јасен план, како во наредната две –три години најбрзо што може да се забрза пошумувањето на опожарената површина над велешко езеро „Младост” , а за што поскоро да му се врати зелениот појас на езерото.
Шумарските инженери и стручњаци од ПШС „Бабуна” потсетуваат дека и Владата и останатите надлежни инститиции и министерства, треба да ги исполната ветувањата дадени по катастрофљлниот шумски пожар во август 2019, односно да го дадат најавените финансиски средства за набавка на млади поголеми садници на квалитетни дрвца.
Велешкото езеро од годинава со проект финансиран од ЕУ и од Светската банка прерасна во „Смарт Езеро „Младост” прва иновативна туристичка дестинација во земјава. Годишно покрај него транзитираат 2,5 милиони туристи.