Молкот почнува на полноќ и трае до затворањето на избирачките места
Вечерва на полноќ започнува изборниот молк, со што завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат во недела, на 2 ноември. Молкот ќе трае до недела во 19 часот, кога се затвораат гласачките места низ државата.
Втор круг во 32 општини и во Градот Скопје – во Шуто Оризари ќе има прегласување
Во вториот круг ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Дополнително, ќе има прегласување за членови на Советот на три избирачки места во општината Шуто Оризари.
Во сабота, во општините каде што ќе се одржи вториот круг, први ќе гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и лицата во домашен притвор, чии пријави биле прифатени од општинските изборни комисии.
