На Правните студии во Скопје е најавен несекојдневен експеримент со менување на студиската програма.
Ова на Наставно-научниот совет го соопштил деканот на факултетот, објаснувајќи ја новата студиска програма на Правните студии.
Професорот Тони Дескоски на Фејсбук извести за ова непријатно изненадување.
„Проверив, на Правните факултети во Белград, Загреб и Љубљана, трите во првите 500 на Шангајска листа, задолжително има странски јазик (правна терминологија). Искрено се надевам дека нашиот факултет нема да продолжи со оваа глупост и дека Англиски јазик (и англиска правна терминологија) ќе си остане во студиската програма“, напиша Дескоски.