Земјоделците се жалат дека во моментот нема ни цена, ни откуп. Се плашат дека ќе мора да го предадат оризот бадијала бидејќи се намалува квалитетот, а ќе нема каде да го складираат ниту производството од новата реколта, објави „24.мк

Од Министерството за земјоделство при последната посета на кочанско рекоа дека во минативе неколку години се усвоени голем дел од барањата на земјоделците, посебно во делот на субвенционирањето, но на цената не можат да влијаат. Таа лани поради пандемијата достигна и до 32 килограми за арпата, но годинава ќе биде пониска.

Оризопроизводителите се жалат дека цените растат и на ѓубривата, а нема ниту квалитетен семенски материјал.

Поради ова Арсов вели дека оризопроизводителите ќе се придружат на протестот што неколку земјоделски здруженија го организираат утре во Прилеп.