Од нив, 169 се за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, а 17 поради непочитување на светлосните сообраќајни знаци или знаци што ги дава полициски службеник.

Министерството за внатрешни работи информира дека девет санкции се за движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз, а шест за некористење на тротоар или друга површина наменета за движење на пешаците.

За време на контролата, регистрирани се и 120 останати прекршоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се посочува во соопштението на МВР.