Самуел Ето беше еден од најдобрите напаѓачи во светот, сега тој е претседат во Фудбалската федерација на Камерун.

Обвинет е дека ѝ помогнал на екипата на Викторија Јунајтед да се пласира во Првата лига. Има и аудио снимки на кои наводно се слуша неговиот глас, како им ветува помош на челниците на клубот.

Ето тврди дека нема никаква врска со овој случај, а истото го кажува и претседателот на Викторија Јунајтед – Валентин Нкваин. Сепак, сето тоа ќе мора да биде докажано на суд, а ако не успеат, на двајцата им се заканува затворска казна.

Нема премногу детали околу истрагата, меѓутоа се очекува одлуката да биде донесена во наредните денови.

Ето со сигурност е еден од најголемитe африкански фудбалери на сите времиња.

Со успех настапуваше за Барселона и Интер, a крена и четири трофеи во Лигата на шампионите.