Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на ГП Табановце, каде што задржувањата се околу 40 минути, соопшти Автомото сојузот.
Причина за тоа е што голем број македонски државјани одат во Србија на ревакцинација, откако пред три месеци ја примија првата доза. Исто така, Србија доволува и вакцинација без закажување за македонските граѓани на сите вакцинални пунктови. Неофицијано, од денеска до 21 јуни треба да се ревакцинираат околу 15.000 наши граѓани, од кои најмногу во Белград.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.