На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Оттаму го пренесуваат известувањето од Виадукт Трејд дека на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница, на 24 август (вторник) во период од 10 до 16 часот, ќе има времена измена на режимот на сообраќај во времетрање од 45-60 дена, со комплетно затворање на делницата при изведување на грaдежни активности – асфалтирање.