Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ со дел од тимот од советничката листа оствари средба со жители од Кисела Вода, во „Парк Македонија“ и „Стара Последна“ во Драчево.
„Разговаравме отворено за секојдневните предизвици, идеи и предлози што ги засегаат нашите сограѓани,“ истакна Стаменкоска Трајкоска, додавајќи дека поддршката од граѓаните претставува голем мотив за продолжување на активностите.
Таа потенцираше дека заедничкото дефинирање на приоритетите е клучно за подобрување на животниот стандард во општината.
„Поддршката што ја добивме е силен поттик да продолжиме уште поенергично. Заедно ги дефинираме приоритетите и ги поставуваме основите за поквалитетен живот во општината,“ нагласи таа.
Во своето обраќање, Стаменкоска Трајкоска подвлече дека работата на терен нема да биде еднократна активност.
„Ова не е еднократна акција – ќе нѐ има постојано на улиците, парковите, секаде каде што сме потребни,“ истакна таа.