На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, четири мерки за возење без возачка дозвола, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.