Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 22 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 15 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се девет мерки за непрописно престигнување и обиколување, седум санкции за некористење сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.