Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 101 санкција, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила.
Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за возење под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.