Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 209 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 23 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, осум санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возач почетник, седум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.