Здружението на велосипедисти „На точак“ вели дека две недели чека одговор од Град Скопје на Барање за пристап до информации од јавен карактер за тоа какви се проектите за ул. „Рузвелтова“ и ул. „Боца Иванова“ (односно дали содржат велосипедски патеки/ленти, стеснување/намалување на коловозни ленти, ново зеленило, заштитни пешачки острови зашто преку 4 ленти одеднаш не смее да се преминува!)….
Дел од нивната Фејсбук објава ви пренесуваме во продолжение.
„… одговорот за едната улица сам ни се даде. Добиваме реконструирана улица, но со комплетно истото решение! Уште една пропуштена шанса за Скопје со реконструкција на улица да добие поквалитетно решение.Да повториме: улица „Рузвелтова“ е на 1000 метри од „Климент Охридски“ и 700 метри од „8 Септември“, најблиските булевари каде има велосипедски патеки/ленти. Односно, најблиската велосипедска инфраструктура во правец север-југ во овој „развиен“ дел од Скопје изнесува дури 1700 метри, односно 1,7 километри. Страшно! По правилата за велосипедски мрежи во ваков тип на густа градска средина велосипедски патеки треба да има на секои 250, максимум 500 метри, а не на 1000+700= 1700 метри! Поразително! Вака не се прави вело-пријателски град!Улицата Рузвелтова можеше и требаше да стане важен градски вело-конектор меѓу булеварите „Илинден“, „Партизански Одреди“ и „Гологанов“, дел од градската вело-мрежа, врска на Капиштец и Водно со Буњаковец, Дебар Маало, Карпош 1, Градскиот парк, Вардар„ се вели во нивната реакција.