-Навистина, навистина сум загрижен за тоа што го гледам низ Европа, вклучувајќи ја сега и Западна Европа, или за овој многу голем број случаи, но и за брзината со која нивниот број се зголемува, што е навистина причина за загриженост, изјави Набаро за „Скај Њуз”.
Набаро, меѓутоа, додаде дека не е изненаден што овој вирус едноставно не исчезнува и дека исто така не е изненаден што луѓето протестираат, бидејќи, како што вели, „јавноста во толку многу земји веќе е презаситена од тоа што се случува. .
-Јас, како лице од јавното здравство, меѓутоа, морам да споделам со граѓаните на Обединетото Кралство и со вашите гледачи дека ќе мораме да продолжиме да се спротивставуваме на овој вирус и тоа ќе го сториме на начин што ќе го отежнеме ширењето на вирусот од едно на друго лице со носење маски за лице и избегнување вдишување воздух што другите го издишуваат, рече Набаро.
Докторот напомена дека има потреба оние кои ги исполнуваат условите веднаш да се вакцинираат, бидејќи, како што тврди, тоа носи огромна разлика во количеството на страдања и смртни случаи.